Околу 30% од населението во земјава е со прекумерна тежина, додека околу 65% е со висок индекс на телесна тежина! Дебелината воопшто не е добра за вашето здравје!
Д-р Ирфан Ахмети, претседател на Научното друштво за дебелина „OБEM“, вели дека високата телесна тежина е главна причина за кардиоваскуларни заболувања, мозочни и срцеви удари, дијабетес тип 2 и неплодност.
„Прекумерната тежина ретко или воопшто не се препознава како дијагноза, во реалната клиничка пракса, ги евидентираме последиците, па затоа никогаш не ја евидентираме дебелината како причина, но како последица, да речеме хипертензија или срцеви заболувања, секогаш забораваме да се осврнеме на тоа дека дебелината е причината“, вели Ирфан Ахмети.
Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, рече дека ќе ги зголемат даноците на соковите со висока содржина на шеќер! Со ова, според него, целта не е само да се зголеми цената на производот за потрошувачите, туку и да се принудат индустриите за сокови да ги преформулираат рецептите со помалку шеќер.
„Постои предлог за воведување данок на шеќер, што значи дека овие пијалоци ќе подлежат на дополнителен данок, врз основа на количината на шеќер во пијалокот, бидејќи шеќерните пијалоци и храна се еден од најголемите проблеми во контролата на телесната тежина и во нашата исхрана“, порача Сашо Клековски.
Аким Али од СЗО изјави дека дебелината е проблем на јавното здравје, бидејќи 6 од 10 возрасни се дебели, а 1 од 3 деца имаат проблеми со оптимално управување со телесната тежина.
„Не е доволно да се размислува за дебелината, важно е да се размислува и за други фактори на ризик, пушењето, алкохолот и на физичка активност“, вели Аким Али.
Денес е Светски ден на дебелината. Министерството за здравство во соработка со СЗО спроведува кампања со слоганот „Круг на поддршка – За полесно слабеење, не осудувајте! Помогнете“.
