„Ние сме од Турција.“
„Сите забележавте дека во последно време турските туристи доминираат во Скопје. И тоа веќе не е само впечаток – го покажуваат и туристичките статистики.“, вели репортерката на ТВ21.
Туристите што ги сретнавме во Скопје велат дека градот ги привлекол со спомениците, културата, храната и гостопримството. Некои од нив за неколкудневен престој потрошиле околу 200 евра, додека други велат дека најголем дел од парите ги потрошиле за храна и сувенири.
„Досега сме потрошиле… само што пристигнавме денес, би рекол околу 100 евра.“
Од каде сте?
„Живеам во САД, но сум Турчин-Американец.“
„Италија.“
Колку често доаѓате во Скопје, првпат ли сте?
„Да, ова ни е првпат. Навистина уживаме во земјата, луѓето се многу добри, местото е многу убаво. Ќе одиме до кањонот Матка. Ќе ги посетиме најзначајните споменици и музеи.“
Колку пари потрошивте?
„Околу 200 евра, за три полни дена.“
„Тоа е мешавина меѓу муслиманската и католичката култура. Секогаш посетувам нови места, за да научам нешто ново за културата и храната.“
Колку пари трошите?
„Пари?!“
„Не многу. Поголемиот дел од парите одат за сувенири и храна. Околу 4 илјади македонски пари, денари, за околу ден и половина.“
Од Министерството за култура соопштија дека само во првите седум месеци од годината Македонија ја посетиле вкупно 741 илјада и 446 туристи, а статистиките покажуваат пораст на бројот на странските туристи.
„Позитивните движења во туристичкиот сектор претставуваат поттик за продолжување на активностите за негов одржлив развој и унапредување на туристичката понуда. Во првите седум месеци од 2026 година, Македонија ја посетиле вкупно 741.446 туристи, при што е забележан пораст на бројот на странските туристи. Меѓу најбројните странски гости се туристите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија“, велат од Министерството за култура.
Министерството за култура и туризам ја нагласува важноста од континуирана промоција на Македонија, подобрување на услугите и користење на вештачката интелигенција и дигитализацијата за развој на помодерен, одржлив и конкурентен туризам.
