300.000 евра штета, осомничени раководителите – моќни политички фигури учествуваат во нелегална сеча на дрва во Кичево?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најпогодениот град со дива сеча на дрва е Кичево, покажуваат резултатите од истражувањата на „Евротинк“. Податоците кои го опфаќаат периодот од 2010 до 2019 година покажуваат дека  станува збор за организирана криминална активност каде сериозни хиерархиски криминални групи и структури успеваат да соберат голема количина илегално исечени дрва. Од „Евротинк“ велат дека во оваа илегална дејност се вклучени и моќни политички фигури. Во последниот извештај пишува дека на филијалата „Лапушник“ во Кичево ѝ е нанесена штета од 300.000 евра поради злоупотреба на службената должност од страна на директорот и неколку вработени.


„Во февруари минатата година, МВР покрена кривична пријава против генералниот директор на Јавното претпријатие „Национални шуми“, претседателот на филијалата „Лапушник“ во Кичево и против тројца други вработени во оваа филијала поради злоупотреба на нивната службена положба. Тие беа обвинети за дозволување илегална сеча во околината на Кичево, нанесувајќи му финансиска штета на Јавното претпријатие од околу 300.000 евра. Нема никаква официјална информација на располагање – дали канцеларијата на Јавното обвинителство во Кичево гонел кривично некого од овие лица и дали имало судска постапка?!“, велат од Евротинк.

ТВ21 дознава дека лицето за кое „Евротинк“ вели дека ја злоупотребило службената положба, сѐ уште ја врши функцијата – директор на претпријатието „Лапушник“. Контактиравме со првиот човек на филијалата „Лапушник“ во Кичево, Зоран Крстевски, но тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека илегалните дрвосечачи се тие кои му нанеле штета на претпријатието. Тој негира дека е вклучен во корупција.

ТВ21 дознава дека на 21 февруари минатата година била покрената кривична пријава против 61-годишниот З.К. за злоупотреба на службена положба, како и против две други лица од с.Пласница – Ш.А. на 51 годишна возраст, и 39-годишниот Б.Б, вработени во претпријатието „Лапушник“.

Извештајот на „Евротинк“ покажува дека во Кичево Македонците ги обвинуваат Албанците и Ромите за сеча на дрва, а пак Албанците вината ја префрлуваат на македонските сограѓани. Меѓу другото, забележано е дека има трка меѓу шумската и редовната полиција. ЈП „Лапушник“-Кичево за периодот 2010-2019 се поднесени вкупно 233 кривични и 665 прекршочни пријави за незаконско користење.