303 кандидати за градоначалници – 2 кандидати се одбиени во Струга и Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

303 кандидати за градоначалници на локалните избори, а 567 ќе се борат за место во општинските совети. ДИК одбила двајца кандидати за градоначалници, еден во Охрид и еден во Струга, причините биле бидејќи не ги исполнувале условите кои ги предвидува Изборниот законик.

Доколку некој  од кандидатите одлучи да се повлече, има рок од 48 часа. Инаку најдоцна до 23 септември ДИК ќе ја утврди единствената листа на кандидати,под кој број ќе настапат политичките партии и независните кандидати.

Инаку останаа уште 7 дена до почетокот на изборната кампања. Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. Со измените на изборниот законик, се предвидува да можат да гласаат и лицата на кои им е истечен рокот на личните карти, од 6 август до 30 септември.