333 санкционирани возачи во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 39 санкции, 25 мерки за нерегистрирани возила, 8 санкции за технички неисправни возила за јавен превоз, 26 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 санкции за управување под дејство на алкохол,  27 мерки за некористење сигурносен појас, 20 санкции за користење на мобилен телефон, 52 мерки за непрописно паркирани возила, 38 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 санкција за неносење заштитна маска.   

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.