34 жртви на сообраќајни несреќи во текот на лето 2024 – полицијата и експертите бараат да се почитува сообраќајната сигнализација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатото лето, 34 лица го загубија животот во сообраќајни несреќи информираше Александар Николов, раководител на сообраќајната единица при МВР.

Апелот за зголемена претпазливост останува постојан, но полицијата презема и мерки за спречување на несреќи.

Генералниот секретар на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Гоце Делчев-Тодев, изјави дека возачите треба да бидат внимателни со сообраќајната сигнализација, бидејќи, како што рече, има стари знаци и нови правила за користење на тие делници.

Зголемувањето на свеста и дејствувањето за безбедноста на граѓаните за време на летната сезона беше целта на денешната тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“, организирана од Меѓународната полициска организација во Македонија.

Експерти од областа на безбедноста, претставници од МВР, туристички агенции и делегации од меѓународни синдикални и полициски организации дискутираа за основните правила и препораките за безбедно учество во сообраќајот, како и за упатствата за правилно и одговорно однесување, вклучително и за странските патници кои ќе транзитираат низ нашата земја во текот на летната туристичка сезона.