Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.037 нови случаи со ковид-19, додека пак 36 лица ја изгубија битката.
- 11 починати лица од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г)
- 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г)
- 3 лица од Кичево ( 72г, 68г, 56г)
- 3 лица од Струмица ( 71г, 65г, 57г)
- 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г)
- 2 починати лица од Струга ( 72г, 67г)
- едно лице од Гостивар (53г)
- едно лице од Ресен ( 24г )
- едно лице од Дебар ( 54г )
- едно лице од Кочани ( 79г )
- едно лице од Велес ( 62г )
- едно лице од Валандово ( 58г )
- едно лице од Македонски Брод( 63г ).
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697.
