На почетокот на годината МТСП ја започна подготовката за предлог измени на законот за работни односи. Меѓу повеќето измени, новост е продолжувањето на породилното отсуство и за татковците.
Од 9 месеци породилното се зголемува на 13, 5 породилно, 4 месеци родителско отсуство за мајката и 4 за таткото, што значи 13 месеци родителска грижа за детето.На прашање на ТВ21 до каде е предлогот на МТСП, министерката одговори.
Овие 13 месеци родителите нема да можат да ги делат, т.е. мајката има 9 месеци, а таткото 4 месеци. Ниту едниот не можат да земаат месеци еден од друг.
По промената на законот, породилното мора да започне 2 недели пред терминот за раѓање и тоа е неопходно. Отсуството ќе биде платено 100% и за мајката и за таткото доколку го користи.
