Од вечерва на полноќ цената на дизелот во Македонија се намалува за 4,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, по направената пресметка. За разлика од дизелот, бензините ќе поскапат за еден денар. Како што соопшти РКЕ, во споредба со претходната пресметка, референтните цени на нафтените дривати на светскиот пазар бележат зголемување кај бензините, но имало намалување кај дизелот.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти. Па, така според новата пресметка, дизелот од вечерва на полноќ ќе се продава по 100 денари за литар исто колку и Еуросупер БС 95. Бензинот Еуросупер БС 98 ќе се продава по 102 денари за литар.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 111, 5 денари. Мазутот од вечерва на полноќ ќе се продава по 49,8 денари по колограм.
