Уште еден пациент со западнонилска треска починал во текот на викендот на Инфективната клиника. Станува збор за 70-годишен пациент од Општина Аеродром, кој имал и неколку други заболувања. Тој 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се во потешка состојба.
Според директорот на Клиниката, Фадил Цана, досега биле хоспитализирани 67 пациенти со невроинвазивна форма на инфекцијата. Десет пациенти починале, 50 се излекувале, додека седуммина продолжуваат со лекувањето.
