4 пациенти во критична состојба, се враќаат 5 – 108 пациенти продолжуваат со лекувањето во странство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четворица повредени во пожарот во Кочани и понатаму се во критична состојба и се лекуваат во болниците во странство. Ова го соопшти министерот за здравство. Додаде дека 108 пациенти и натаму се лекуваат во некоја од болниците надвор од нашата држава, а вчера се вратија 2 пациенти.

-Во скопските болници во моментов се лекуваат 23 пациенти кои ја преживеаа кочанската трагедија, од кои 4 се во Клиничкиот центар, 6 се во старата „Градска болница“ и 9 во „8 Септември“. 4 Пациентите се во приватни болници. Во странство се лекуваат 113 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, 4 пациенти и понатаму се во критична состојба, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

За 5-те пациенти кои се вратија денеска, Таравари рече дека ќе бидат под 24-часовен надзор според протоколот. Доколку конзилиумот од доктори одлучи да се пуштаат дома, ќе се бидат пуштени на домашно лекување. Доколку не, тогаш ќе останат на лекување на некоја од клиниките. Министерот Таравари најави Центар за рехабилитација за пациентите на кои ќе им треба подолго лекување.

Таравари информираше дека сите пациенти кои се лекуваат во домашните клиники и болници се во стабилна и добра состојба.