„5. јули можен датум за избори“, ДУИ посредник помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

5 јули е можниот датум за одржување предвремени парламентарни избори. Вака изјави Бујар Османи од ДУИ. Според него разликите меѓу партиите се намалени односно не се ненадминливи.

Од друга страна, на прашањето до каде се преговорите за датумот за избори, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски не спомна конкретен датум, туку рече дека се во комуникација и дека неговата партија го нема сменето ставот дека треба да се создадат услови за одржување избори.

Додека Радмила Шеќеринска од СДСМ рече дека што поскоро треба да се организираат избори и тоа пред летото.

Инаку во сабота завршува вонредната состојба, кога се очекува да се види дали претседателот Стево Пендаровски ќе ја продолжи истата.
Од друга страна и високи функционери од Европската комисија внимателно ја следи состојбата во РСМ. Според дописникот на МИА во Брисел, дипломатите на Европската комисија оцениле дека Северна Македонија не може засекогаш да остане со техничка влада.