Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, регистрирани се 1285 нови случаи на коронавирус, додека пак само на територија на Скопје се регистрирани 522 нови случаи.
Од почеток, па до сега во Скопје има 16.924 случаи на коронавирус, додека пак активни во моментов се 6.732.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Аеродром -1079
- Карпош – 923
- Гази Баба – 913
- Центар – 893
- Кисела Вода – 803
- Ѓорче Петров – 555
- Чаир – 400
- Бутел – 366
- Илинден – 160
- Шуто Оризари – 93
- Сарај – 63
- Петровец –62
- Сопиште – 58
- Чучер Сандево – 47
- Зелениково -37
- Студеничани – 33
- Арачиново -14
Нераспределени се 145, додека пак странци има 88.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661.
