57 фенери пуштени кон небото – протест во Атина по страшната железничка несреќа кај Темпи!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

57 хартиени фенери за 57 жртви денеска беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина.

На овој начин организаторите на денешниот протест им оддадоа почит на жртвите во железничката несреќа кај Темпи.

Денешниот протест на плоштадот Синтагма е во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.

Целта на демонстрантите е уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.