Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на коронавирус.
На територија на Скопје денеска се регистирани 571 новозаразени лица.
Од почетокот на пандемијата до сега, во Скопје има 15.313 заразени со коронавирус, додека пак активни се 5.668.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Аеродром – 927
- Карпош – 805
- Центар – 762
- Гази Баба – 757
- Кисела Вода – 699
- Ѓорче Петров – 460
- Чаир – 321
- Бутел – 316
- Илинден – 131
- Шуто Оризари – 70
- Сарај – 51
- Петровец –50
- Сопиште – 47
- Чучер Сандево – 30
- Студеничани – 24
- Зелениково -24
- Арачиново -14
Нераспределени се 113, додека пак бројот на странци изнесува 67.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12.002.
