Бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на најмалку 73.919, соопшти денеска Министерството за здравство на оваа енклава.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година биле ранети 174.977 лица, пренесува Ал Џезира.
Наведено е дека телата на пет лица загинати во израелските напади биле донесени во болниците во Газа во последните 24 часа.
