572 нови случаи во Скопје – најмногу активни случаи во општина Гази Баба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, регистрирани се 1198 нови случаи на коронавирус, додека пак на територија на Скопје се регистрирани 572.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје има 22.562 случаи на коронавирус, додека пак активни се 9.479.

Активни случаи по општини Скопје денеска:

  • Гази Баба – 1385
  • Аеродром -1382
  • Карпош – 1199
  • Центар – 1157
  • Кисела Вода – 1154
  • Ѓорче Петров – 779
  • Чаир – 590
  • Бутел – 513
  • Илинден – 238
  • Шуто Оризари – 166
  • Петровец –116
  • Чучер Сандево – 106
  • Сарај – 136
  • Зелениково -65
  • Сопиште – 63
  • Студеничани – 46
  • Арачиново -33

Нераспределени има 186, додека пак странци се 165.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51.213, бројката на оздравени пациенти е 30.204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19.586.