59 нови обвинители и судии – Габер: До крајот на годинава ќе има нов повик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу 59 нови судии и обвинители до крајот на годинава ќе бидат подготвени да се вклучат во правниот систем, додека во земјава има десетици слободни места за обвинители и судии.

Директорката на Академијата за судии и обвинители, Наташа Габер се надева дека до крајот на оваа година ќе се отвори нов јавен повик за поголема група кандидати, со цел да се одговори на потребите на судскиот систем и во обвинителството.

Габер вели дека од основањето оваа Академија не работела со таква динамика за едукација на обвинители и судии. Таа додава дека дефицитот се појавил  од претходно кога немало можност да се пополнат празните места. Освен доволен број судии, од секторот бараат и нови судии со интегритет.

За подигање на интегритетот, кандидатите за судии и обвинители постојано се обучуваат преку проекти на Академијата со своите партнери и преку редовна едукација.