Продолжува трендот на намалување на новозаразени и починати лица, а се забележува значителен раст на бројот на оздравени споредно со минатата недела, според извештајот на Институто за јавно здравје. Во периодот од 27 јули до 2 август, има 912 нови случаи на заразени што е 4,6% помалку од минатата недела. Министерството за здравство информира дека Р0 факторот на преносливост на вирусот покажува дека има тренд на опаѓање кој изнесува 0,9%, а за речиси еден месец бил 1.
„Од 27 јули до 2 август се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20-26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот се регистрирани 1.032 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела (20 – 26 јули). Имало 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7%, во однос на претходната недела“, велат од ИЈЗ.
Во последните 24 часа забележан е двоцифрен број на заразени со коронавирус а бојот на оздравени е троцифрен. 88 лица добиле позитивен резултат од вкупно 1507 тестирања а 113 пациенти оздравеле. 6 пациенти починале, 2 од Куманово, 2 од Гостивар и 1 од Тетово и 1 од Штип.
Нови случаи со Ковид-19 според градови
Скопје – 23
Струга – 11
Штип – 10
Куманово и Охрид – 8
Гостивар и М. Брод – 4
Прилеп и Битола – 3
Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети НИколе, Кичево – 2
Кавадарци и Струмица – 1
Што се однесува до структурата на возраста на новозаразени во земјава во последнава недела, процентот е повисок на граѓани над 60 години – 23,9%, додека помал број се регистрирани деца до 9 години – 3,1% и од 10-19 години, 5%.
