Апсења во седум земји поради онлајн измами: Запленети над 100 сервери, истрага и во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународна мрежа осомничена за измами со онлајн инвестиции е разбиена во полициска операција во неколку европски земји и во Израел.

Во вторникот, на 3 ноември, претреси биле извршени и во Македонија, Албанија и Косово, при што биле уапсени седум лица, а запленети биле над 100 сервери, пренесува „Дојче веле“.

Според германските истражители, мрежата е осомничена дека ги измамувала граѓаните преку лажни инвестициски платформи, прикажувајќи им фиктивна добивка и убедувајќи ги жртвите да вложуваат сè повеќе пари.

Кога жртвите барале да ги повлечат средствата, контактите со нив биле прекинувани.

Во истрагата се опфатени и шест други лица, осомничени дека управувале со телефонски центри во Албанија, Косово и Македонија.