Плинска боца експлодирала во стан на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, при што е предизвикана материјална штета, но нема повредени лица, соопшти денеска кумановската полиција.
Случајот бил пријавен вчера во 14:35 часот, а станот е во сопственост на 51-годишниот В.Ѓ.
Од експлозијата биле оштетени прозорците и дел од покуќнината.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица во Куманово, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.
