Во Богданци се пронајдени телата на 17-годишна девојка и 21-годишно момче, во случај за кој постојат сомневања дека станува збор за убиство и самоубиство.
Безживотното тело на девојката било пронајдено вчера во запалено возило, додека во негова близина бил пронајден и 21-годишникот, идентификуван како осомничен за нејзиното убиство.
Според сè уште непотврдени информации, по убиството тој наводно го запалил автомобилот, а потоа извршил самоубиство.
Од МВР информираат дека двете тела се испратени на обдукција, со цел да се утврдат идентитетот и причините за смртта.
Случајот го истражува Основното јавно обвинителство во Гевгелија, а надлежните работат на целосно расветлување на околностите.
