62. издание на „Охридско Лето“, фестивалот ќе го отворат познати италијански тенори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

62 пат по ред се одржува фестивалот „Охридско лето“ кој трае 40 дена. Охрид во текот на летото е град домаќин на бројни културни настани. Оваа манифестација последниве децении стана една од најважните во регионот.

Ова ќе биде еден убав и незаборавен фестивал, вели една од организаторките.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Центарот за култура и во црквата „Света Софија“, ќе бидат пречекани над 1.000 уметници од 25 земји.