7 години се градат два факултети?! – Предметот е заглавен во суд, ќе стигнат ли до фасада?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Се наоѓаме во дворот на Универзитотот Св. Кирил и Методиј. Во непосредна близина на Ректоратот. Како што многумина се сеќавате просторот позади мене до 2015-та беше засаден со дрвја кои во средината на декември истата година преку ноќ беа исечени. Причината беше што на истото место требаше да бидат изградени два факултети како што пишува на самата табла Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултет за физичко образование, спорт и здравје…..“, вели репортерката на ТВ21.

Но, седум години подоцна, овие бетоски ѕидови стојат така. Градежните работи одамна сопреа. За целиот проект предвидената сума беше 20 милиони евра, а изведувач градежната фирма Бетон -Штип на познатиот бизнисмен Орце Камчев. На 2 јули 2019-та оваа фирма е во стечај.

Со оглед на тоа дека инвеститор на проектот е Министерството за образование, одговор побаравме од актуелниот министер Јетон Шаќири. Какви се плановите за понатамошната процедура, дали ќе се градат или не овие факултетите.

„И за ова разговарав со ректорот. Станува збор за инвестиција која веќе е почната од страна на Министерството. Се разговара и со компанијата која ја почна инвестицијата, но ќе видим да го ангажирам и Народниот правобранител во однос на ова прашање. Ако има некоја покрената правна постапка, до каде е, со цел да се реши проблемот со објектите, бидејќи ако има правен спор, треба да го решиме во претстојниот период“, порача Јетон Шаќири.

За колкав временски период ќе се заврши изградбата на овие два објекти, министерот не ветува, бидејќи предметот можеби е заглавен во судските лавиринти. Главниот проблем е во градежната компанија Бетон Штип како изведувач.„Бетон Штип“ е фирмата што стана актуелна со истрагата „Тендер“ на СЈО од која беа дел објектите од проектот „Скопје 2014-та“.