7 годишник, најмладиот милионер во земјава – тетовец заработил 40 милиони денари од игри на среќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

7 годишно дете е најмладиот милионер во земјава со приходи од 1 милион, 16 илјади и 947 денари, додека највозрасниот има 96 години со приходи од 4 милиони 570 илјади и 535 денари. На листата на највисоки плати издвоени се во здравото, аптеките, чувањето добиток, тутун и игри на среќа.

Највисоките приходи заработени врз основа на  извршена работа достигаат до 63,2 милиони денари на годишно ниво, за привремени услуги главно  кон компании за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Инаку една скопјанка доброволно пријавила бруто приходи во вредност од 449,6 милиони денари кои се опфатени и во пресметките за лични приходи.