7-годишно дете од Тетово со натпросечна интелигенција – второ одделение е, но решава задачи наменети за средно образование

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е 7-годишниот Македон Димитриевски од Тетово. Неговиот коефициент на интелигенција е 134, што го става во кош со деца генијалци. Говори неколку јазици како германски, арапски, кинески и англиски.

Неодамна освои златен медал на светско ниво на натпревар по математика кој броеше околу 4.000 натпреварувачи. Иако е второ одделение, тој решава задачи наменети за средно образование.

Сега, посебен интерес покажува за географија.

Македон не сака да си игра со играчки, а најчесто е во друштво на книги и тетратки. Обемното знаење го стекнал преку интернет. Неговите родители велат дека тој поставува илјада прашања на кои тие честопати не го знаат одговорот.

Но, што нуди државата за децата како овој 7-годишен генијалец?

Психологот во училиштето во кое оди Македон, му предложил да се запише во повисока паралелка, но неговите родители одлучиле да продолжи да учи со неговите врсници, бидејќи од голема важност е и емоционалниот развој на Македон.

Жедта и пасијата за стекнување нови знаења земаат сѐ поголем замав, но во моментов Македон има само една желба – да стане професор по математика.