7 компании казнети со по 7 илјади евра, ја злоупотребуваат состојбата за да продаваат поскапи производи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некои компании ја злоупотребуваат ситуацијата продавајќи производи по поскапи цени. Државниот пазарен инспекторат досега наишол на одредени неправилности во маркетите, кои морале да ги продаваат производите по набавна цена како леб, брашно од типот 400 и сончогледово масло, додека другите производи морале да се продаваат со маржа од 3% во продажба на мало и 4% во продажба на големо.


Само по овој основ за два дена се извршени вкупно 156 контроли, при што кај 33 субјекти биле констатирани прекршоци за непочитување на оваа одлука.

Анета Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи на Македонија истакна дека на граѓаните им е тешко да пресметаат ДДВ.
Анета Грнчаревска – Организација на потрошувачи на Македонија

Грнчаревска додаде дека имало повеќе случаи кои се пријавени кај нив, а апелира овие случаи да се пријават кај инспекторатите. Ваков апел до граѓаните упати и Симеска, но нагласи дека досега имало само еден приговор во електронска форма.
Инаку, увиди се извршени низ цела Македонија, а ќе продолжат и во наредните денови.