„70% од новите случаи во Скопје се од веќе познати кластери, добро е што повеќето немаат потреба од болничко лекување“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венко Филипче, министерот за здравство соопшти за кластерите и за новите случаи на Ковид-19.

„Во Скопје околу 70% од сите нови случаи се од веќе познати кластери. Во Сарај ситуацијата е спласната, имаме денеска само двајца нови, додека во Чаир се работи интензивно, а исто така денеска се работи интензивно и во Студеничани од каде се денеска овие луѓе анкетирани и каде резултатите ќе има во текот на утрешниот ден“, рече Филипче.

Тој додаде дека и покрај високите бројки, добро е што нема голем број на пациенти кои што се јавуваат во болниците, поголем дел се со лесна клиничка слика, односно кои може да се лекуваат во домашни услови.