„7000 евра казна кога се бориме да преживееме“ – Димеска: Изречена му е минимална казна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Можете да ми се смеете колку сакате. 7000 евра казна во ова време, две години се бориме да преживееме. Две години не можеме два денари да заработиме, се позајмуваме да пуштиме плати, да платиме струја, ова е катастрофа,“ вели Ристо Петков сопственик на угостителски објект во Гевгелија.

7 000 евра казна за Ристо Петков, сопственик на уготителски објект во Гевгелија, бидејќи имал петорица гости со лажни сертификати и 10 дена затворен објект. Тој низ солзи ја искажа својата мака, но од Државен пазарен инспекторат велат дека за лажни серификати се казнуваат гостите. Во овој случај тие воопшто немале серификати.


„Во однос на инспекцискиот надзор што е вршен во Гевгелија, нашите инспектори констатирале бидејќи биле заедно со припадници на МВР кои ги легитимирале гостите дека пет лица не поседуваат сертификат и тоа е заведено во записник“, вели Анета Симеска Димоска, Директорка на Државен пазарен инспекторат.

Но, Петков тврди дека гостите им покажале серификати на редарите, но не и на полицијата.

„Апелиравме и апелираме да бидат многу совесни и граѓаните да не ги доведуваат угостителите во таква непријатна ситуација, но и угостителите на некој начин да изнајдат соодветни решенија“, вели Димоска.

Димеска вели дека му е изречена минимална казна за правно лице од 5500 евра и за од говорно лице 1500, а највисоката може да биде и 17 000 евра. Откако започна мерката за задолжително поседување сертификат за влез во угостителски објект, ДПИ од август до крајот на годината има извршено 1425 контроли, а затворени се вкупно 23 угостителски објекти и евидентирани се 100-тина лица без сертификати. Но, затворањето не било секогаш заради немањето сертификати, туку и заради непочитување на протоколите за заштита од Ковид 19. Во јануари и февруари се засилени инспекциските надзори, извршени се 265 надзори и затворени се 21 објект, а затекнати се над 60 лица без серификати.