78 санкции за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска (21.07.) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 78 возачи. 30 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над пропишаната брзина.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.