Ова е Цветан Мојсовски. Утре го слави 79-иот роденден. Секој ден доаѓа покрај кејот на Вардар да вежба и така го оддржува своето тело. За овие години што ги има, се чувствува здрав. Вели дека додека вежба нема потреба од носи маска.
„Штом се спортува нема потреба од маски. Отворено е и тоа е добро. Освен тоа јас сум професионалец во оваа струка во физичкото воспитување. Можам и да потрчам и да повежбам“, вели Цветан Мојсовски пред камерата на ТВ21.
На кејот не недостасуваше и детскиот џагор, некои со велосипеди, а други со скејтови. Еден дел од граѓаните излегле на прошетка со децата, а други со миленици. Трети, пак, вежбаат или трчаат.
„Голем број граѓани излегоа на прошетка во градскиот парк за да уживаат во викендот и убавото време. Ова е прв викенд откако владата одлучи да забрани групирање на повеќе од четири лица на јавни места“, вели нашата репортерка.
Одлуката на Владата е донесена пред четири дена каде се забранува собирања во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден. Но ова не важи за родители со деца од исто семејство или вежбање.
