8 дена болка и агонија во семејството Љумани, Ислам исчезна, последните траги во Преспанското езеро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Болка и тага во семејството Љумани во преспанското село Крањ. Пред 8 дена исчезна нивниот син кој се уште не е пронајден. Ислам Љумани има 27 години и бил сосема здрав, а на 21-ви месецов излегол и веќе не се вратил. Неговиот татко му рекол да не излегува бидејќи врне многу снег но тој рекол дека излегува по работа. Трагите покажуваат дека отишол во кампот на Крани во близина на езерото каде е најден и неговиот автомобил паркиран и со клучот внатре. Таткото на Ислам, Насер, вели дека рецепционерот го видел тука околу 10:30-11:00 часот паркиран на паркингот како седи во автомобил.

„Тој ден дошол тука, рецепционерот го видел, рече дека го видел 20 или 15 минути како седи во автомобил.“, рече Насер Љумани.

Базирајќи се на автомобилот кој е најден во кампот во Крани, тие се упатиле кај езерото каде како што тврделе другарите често го минувал слободното време таму. Тој ден таму нашле само траги од чевли во снегот кои воделе до десната страна на езерото каде што се бродовите, и таму се губат трагите. Но се уште не се знае дали се тоа траги на Ислам.

„Кога дојде другарот на Ислам, полициски инспектор, рече дека автомобилот е тука, но Ислам не е тука. Кога слегов долу другарот на Ислам ги видел трагите и рече дека имало само една трага од чевли, од паркингот воделе до тука, околу оваа патека и одат таму од десно. Таму има бродови, се сомневам да не влегол во езерото со брод!“, вели родителот на Ислам.

Но од друга страна во езерото не е најден никаков напуштен брод досега никој не пријавил дека е изгубен некој брод кого би го зел Ислам и би влегол со него во езерото. Ниту спасувачките екипи во Преспанското езеро не најдоа ништо, ниедна трага.

Жителите на Преспа и околината со денови трагаат во езерото, на планината, низ камповите и одоколу.

„Денеска е 8-ми ден, сите жители на Преспа без оглед на селата, сите Албанци и Македонци од селото Крани, Штрбово и сите во близина на Преспа, 8-ден до денеска го бараат. Сите сме во агонија и до сега немаме никаква трага, ништо. Сите сме деморализирани, тажни, до сега нема никаква трага.“

Татко му низ солзи ги замолува надлежните доколку имаат детектори за наоѓање тела, да го донесат, тој се заблагодарува до сите жители и на полицијата кои без престан трагаат по неговиот син.

„Слушнавме дека специјалната единица имаат локализатори за тела во вода, доколку можат да ни помогнат , друга помош не сакаме.“, рече Љумани.

За овие 8 дена жителите и полицијата од земјава барале насекаде, донеле и куче обучено за наоѓање тела, а три дена трагале и нуркачите под вода, два пати специјалните единици од Скопје и вчера специјалната единица од Охрид. Насер Љумани апелира доколку некој го видел или доколку Ислам е жив и ја слуша оваа вест да се пријави и да каже дека е добро.