Голем број фудбалери на овогодинешното ЕУРО не се родени во земјата чии бои ги бранат на континенталното натпреварување во Германија.
Дури 82 играчи од селекциите учеснички на Европското првенство се родени надвор од државата за која настапуваат.
Тоа е 13% од вкупниот број на фудбалери.
Ова е пораст во однос на претходното ЕУРО, каде за репрезентации играа 65 фудбалери (10,4%), без да се родени во тие земји.
Очигледно, се почестите миграции на луѓе и променливата демографска структура на земјите во Европа и како тоа се рефлектира во составот на репрезентациите. Фудбалот, се разбира, не е единствениот спорт во кој се случува овој тренд.
На тековното ЕУРО, интересно, учествуваат пет играчи родени на јужноамериканско тло, додека седуммина се родени во Африка.
Посебен случај е Мајк Мањан, голманот на Милан и француската репрезентација, кој е роден во земја која потпаѓа под територијата на Франција, иако е оддалечена илјадници километри од татковината – Француска Гвајана.
Во оваа смисла, рекордер е албанската репрезентација која ја сочинуваат 26 играчи, од кои 19 се родени надвор од Албанија.
Повеќето од нив се од Косово, а останатите се родени во Грција, Швајцарија, Италија, Македонија, Шпанија, Германија и Англија.
Од Македонија се тројца играчи – Јасир Асани, Таулант Сефери и Насер Алији.
Многумина од нив имаа избор да настапат за неколку репрезентации.
И Хрватска одлично се грижи за своите деца од дијаспората, па денес во сегашниот тим на Далиќ имаме дури осум играчи родени надвор од Хрватска.
