По 24 часа Министерството за здравство ги објави податоците за последните 24 часа на заразени, починати и оздравени лица. Како што дознава ТВ21, поради технички проблем било денешното доцнење со дистрибуцијата на статистиката.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, од кои 95 се на територија на Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје е 26.976, додека активни се 9.996.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Гази Баба – 1502
- Аеродром -1436
- Кисела Вода – 1237
- Карпош – 1169
- Центар – 1089
- Ѓорче Петров – 867
- Чаир – 625
- Бутел – 585
- Илинден – 265
- Шуто Оризари – 195
- Сарај – 169
- Петровец –138
- Чучер Сандево – 100
- Зелениково -84
- Сопиште – 57
- Студеничани – 53
- Арачиново -31
Нераспределени се 175, додека пак странци се 219.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.878, бројката на оздравени пациенти е 38.946, на починати е 1.763, а бројот на активни случаи изнесува 21.169.
Досега во земјата се направени вкупно 332.286 тестирања на Ковид -19.
