Форумот во Преспа, албанската опозиција го нарече партиска промоција на ДУИ. Ељми Азири од АА рече дека бујар Османи од неговата почетна позиција како министер премина на партиска промоција и класична злоупотреба на меѓународните гости за сметка на партијата и неговиот лидер.
„Освен тоа, имајќи го предвид фактот дека оваа конференција е фокусирана на надминување на билатералните недоразбирања во регионот, нема како да не падне во очи отсуството на бугарските власти, во време кога спорот со Софија го попречи почетокот на преговорите со ЕУ. Ова секако ја покрева дилемата дали бугарската страна ја бојкотира конференцијата или воопшто не е поканета“, истакна Ељми Азири.
