Авион на „Бритиш ервејс“ со техничка грешка ја блокираше пистата на лондонскиот аеродром Гетвик, предизвикувајќи сериозни прекини во воздушниот сообраќај во текот на ноќта. Поради инцидентот, девет авиони го активираа меѓународниот код за итни случаи 7700, додека вкупно 14 летови беа пренасочени кон други аеродроми, објавува „Мирор“.
Проблемот настанал откако авионот на летот BA2673 безбедно слетал, но останал на единствената активна писта поради техничка грешка. Според британските медиуми, авионите што кружеле чекајќи дозвола за слетување прогласиле вонредна состојба, најверојатно поради намалена количина на гориво.
Од 14-те пренасочени летови, пет слетаа на аеродромот Лутон, четири на Станстед, еден на Хитроу, додека три авиони беа пренасочени кон Бирмингем и еден кон Бристол.
Летовите од неколку европски и северноафрикански градови беа засегнати, вклучувајќи ги Тенерифе, Валенсија, Ланзароте, Фуертевентура, Родос, Атина, Бари, Рим и Агадир.
„Бритиш ервејс“ потврди дека имало технички проблем, но не даде дополнителни детали.
„Нашиот авион слета безбедно, а патниците се истоварија нормално откако пријавија технички проблем на авионот“, објави портпаролот на компанијата.
Се јави и портпарол на аеродромот Гетвик.
„Пистата беше накратко затворена рано утрово поради технички проблем со еден авион. Како резултат на тоа, мал број летови беа пренасочени, но поголемиот дел подоцна се вратија на Гетвик. Како и секогаш, безбедноста е наш приоритет број еден“, се вели во соопштението.
An issue at Gatwick as nine (9) flights originally bound for the London airport are currently squawking 7700 (likely due to low fuel). We are working to learn more. https://t.co/HsHBhiVnxD pic.twitter.com/cHSUBcbZlv
— Flightradar24 (@flightradar24) July 14, 2026
