Тројца загинати во руски напад на Одеса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рускиот напад врз пристанишниот град Одеса на Црното Море, тројца луѓе беа убиени, додека тројца беа повредени и однесени во болница, соопштија денес украинските власти, во моментот кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Киев за да разговара за зајакнување на одбранбената соработка.

Шефот на воената администрација на Одеса, Сергеј Лисак, изјави дека во нападот се оштетени станбени згради, но не даде дополнителни детали.

Руското Министерство за одбрана потврди дека извршило напади врз пристаништата Одеса и Чорноморск, наведувајќи дека објектите за претовар на гориво и резервоарите за складирање на пристаништето биле погодени од прецизно воздушно оружје и беспилотни летала.

Москва, исто така, објави дека четири брода биле погодени во пристаништата Чорноморск и естуарот Днепар-Буга, кои, според руските власти, превезувале товар за украинските вооружени сили.