АА со две министерства, едно вицепремиерско место и неколку управи – Сали: За моето разрешување одлучува Африм Гаши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Договорот на АА со владината коалиција е во завршна фаза во однос на ресорите. Според внатрепартиски извори, ТВ21 дознава дека АА ќе раководи со неколку министерства и управи како што се:

„Министерството за здравство, Министерството за правда, едно вицепремиерско место, заменик министерско место во Труд и социјална политика, заменик министерско место во Одбрана, Царинска управа, УЈП и Финансиска полиција“.

Најдискутабилна е позицијата во Здравство, кое најверојатно ќе премине во рацете на АА, за кое Таравари вели дека има добар кадар. Актуелниот министер Беким Сали изгледа се помири со судбината да си поднесе оставка и вели дека се согласува со секоја одлука што че ја донесе Африм Гаши, лидерот на Алтернатива. На прашањето дали е ова негово последно излегување пред новинарите, Сали одговори:

„Доколку политичките партии се договорат јас да останам, ќе останам. Но од друга страна, лидерот на мојата партија, Африм Гаши ја има мојата дозвола и максимална поддршка, во секој момент доколку процени дека треба да ја даде оваа функција, јас нема да бидам министер“, вели Беким Сали

Алтернатива не ја исклучува можноста да излезе од влада. За ТВ21 велат дека го очекуваат финализирањето на преговорите меѓу СДСМ и АА за да видат дали тоа ќе влијае на нивниот договор за заедничко владеење со СДСМ. Тоа ќе се знае наскоро откако следниве денови ќе се сретнат премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на АА, Арбен Таравари.

„Работните групи со висок интензитет работат на затворање ба сите прашања кои се на маса. Има согласување, доближување, има и несогласувања за некои прашања, но преговорите продолжуваат се до затворање на сите теми“, велат од АА.

Инаку пред една недела во Влада се сретнаа Таравари и Ковачевски, со што конечно АА соопшти официјално дека ќе влезе во Влада, додавајќи дека не е воопшто разговарано за кадровски прашања, но рекоа дека главна точка од програмата на АА за влез во владата е борбата против корупцијата и владеењето на правото.