АА со потсетување: „Со резили не седнуваме“ – Ахмети со покана за заедничка тркалезна маса со Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако многу се зборува за тоа, до сега официјално ниеден чекор за заедничка средба на албанските политички партии. ДУИ партија која на изборите на 15 јули освои најмногу мандати во албанскиот блок, е подготвена за таква средба. Бујар Османи за ТВ21 изјави дека лидерот Али Ахмети телефонски ги поканил албанските лидери да се сретнат.

„Кога разговараше на телефон, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги покани сите лидери на албанските партии велејќи им дека е добро да се сретнеме пред формирање на владата. Начелно никој не одби но рекоа дека е потребно време за консултации внатре во партиите“, истакна Бујар Османи.

На прашањето дали се подготвени да седнат на заедничка маса, партнерите од коалицијата „Сега е време“, Алијанса за Албанците и Алтернатива, прстот го вперија кон Интегративците како проблем за неодржување на средбата.

„Ова прашање упатете го кај г. Ахмети кој ги нарече лидерите на албанските партии раја велејќи дека не седнува со раја. Тој намерно ја минира политичката средба на лидерите. Ние никогаш не сме рекле дека не седнуваме  и ниту раја сме ги нарекле албанските лидери, но сега велиме дека во моментов приоритет е заштитата на слободниот глас од измамите на ДУИ. Али Ахмети нека одговори пред Албанците зошто ја напушти идејата за премиер Албанец само што завршија изборите“, вели Фљакрон Беџети.

„Лидерот на Алтернатива не добил никаква покана за заедничка маса. Сметаме дека е навредливо за Албанците да кажете дека ДУИ е партија со најмногу мандати. Додека не се признае горчливата вистина дека на Албанците им е украдено правото на слободно гласање, не можеме да одговориме позитивно на поканата на тие кои го силуваа слободниот глас на Албанците“, посочи Скендер Реџепи.

Арјанит Хоџа од Движење Беса, партнер на СДСМ, за ТВ21 рече дека до сега не добиле никаква покана ниту официјална иницијатива за заедничка маса. За тоа би се произнеле во моментот кога ќе ја примат поканата рече Хоџа.

Побаравме став и од ДПА, но од таму не одговорија дали нивниот лидер Мендух Тачи е подготвен да седне на заедничка маса со лидерите на албанските партии.