Адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува македонските државјани пред Судот за човекови права во Стразбур, доби десет годишна забрана за влез во Бугарија, јавува Слободен печат.
Менкиноски најавил и прес-конференција на која ќе изнесе детали за оваа, како што ја нарече, скандалозна одлука.
Тој оцени дека одлуката е директен притисок врз неговата работа.
