Аеродром, Гази Баба, Карпош… ТОП 3 општини со најголем број активни случаи со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аеродром со 1256, Гази Баба со 1151 и Карпош 1070 активни случаи, се ТОП 3 општини во Скопје, каде што има најголем број на активни случаи со коронавирус.

Аеродром1256
Гази Баба1151
Карпош1070
Центар1028
Кисела Вода1021
Ѓорче Петров680
Чаир500
Бутел430
Илинден199
Нераспределени173
Странец149
Шуто Оризари144
Сарај108
Чучер Сандево83
Петровец82
Сопиште59
Зелениково54
Студеничани41
Арачиново26

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3353 тестирања, а регистрирани се 1168 нови случаи на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти.

Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.