Групирања на повеќе лица во барови, без заштитни маски, преполни автобуси со граѓани, овие се едни од причините за тоа што расте бројот на заразени од Ковид 19 во општина Аеродром која е на врвот на листата на скопски општини со најмногу активни случаи.
Граѓаните велат дека ги почитуваат мерките, но прстот го вперуваат кон младите кои се групираат и не ги почитуваат мерките.
„Имам забележано дека има групирања, најчесто младите се групираат. Сметам дека треба да се воведат дополнителни рестрикции и мерки“
„Јас прилично колку што можам пробувам да се придржувам на мерките. Но имам приметено доста луѓе што воопшто не ги применуваат, гајле не им е. Некој па и не верува дека постои корона.“
„Не се плашам затоа што се придржувам јас и моите најблиски на мерките што се препишани. Мислам дека и младите што се собираат навечер мислам дека доа највеќе влијае за ширење на заразата“.
„Ние се придржуваме но повеќето не се придржуваат затоа сме дојдени до оваа работа“.
„Не треба никој да се плаши треба секој да се грижи за своето здравје.Како што велат чувај се и Годпод ќе те чува ама луѓево не мислат“.
Пред неколку недели Чаир беше на врвот на општините со најголем број на заразени. Сега на прво место е општина Аеродром.
„Аеродром е една општините со најголем број на заразени во Скопје. Има 400 лица заразени со корона вирус. Градоначалникот на ооштина Аеродром Златко Марин не сакаше да зборува пред камерата на ТВ21 да каже какви мерки превзема како градоначалник за да се намали бројот на заразени и да работи на подигнување на свеста на граѓаните“, вели репортерот на ТВ21.
Во писмена форма општина Аеродром одговори само дека ги почитуваат протоколите наложени од Комисијата за заразни болести.
