После аеродромот во Кефлавик на Исланд кој прв понуди бесплатно тестирање, истото го направи и аеродромот во Луксембург кое нуди бесплатно тестирање на Ковид-19 на ограничено време.
Луксембург нуди бесплатно тестирање од 29 мај откако го отвори аеродромот, но има прилично одлична стратегија на тестирањето на патниците кои доаѓаат.
Станува збор за пилот проект кој важи еден месец по следните протоколи:
-сите патници кои ќе дојдат во Луксембург по воздушен пат, ќе добијат ваучер кој ќе важи седум дена за да се тестираат во било која лабараторија по своја желба
-алтернативно, на аеродромот ќе биде поставен центар за тестирање, за оние кои сакаат веднаш да се тестираат
-резултатите ќе бидат доставени во електронска форма, а во случај на позитивен тест, ќе се применува политика на самоизолација
Досега Луксембург ги отвори границите за граѓани од ЕУ, а се очекува од 15. јуни да можат сите да патуваат во оваа земја.
