Во Косово се одржа комеморативна седница за полицаецот Африм Буњаку, кој вчера беше убиен при терористички напад во село Бањско, Звечане.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го прогласи наредникот Африм Буњаку за херој на Косово. Неговите двајца синови ја прифатија плакетата.
Османи на комеморативната седница истакна дека Буњаку го жртвувал животот за безбедноста на сите граѓани.
„Се собравме на оваа погребна церемонија да се збогуваме со нашиот полицаец наредникот Африм Буњаку, кој до вчера беше наш чувар на безбедноста. Од денеска е херој на Косово, падна во одбрана на редот, законот, територијалниот интегритет и суверенитет на Косово, денеска во име на граѓаните на Република Косово ќе го дели највисокиот орден на Републиката „Херој на Косово“, вели Вјоса Османи.
