Агрон Хајредини освои златен медал на Светските Специјални Олимписки игри во Берлин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонски атлетичар освои златен медал во скок во далечина од место на Светските Специјални Олимписки игри во Берлин.

Агрон Хајредини триумфираше и освои златен медал откако оствари далечина од 1,6 метри.

Тоа беше убедливо најдобриот резултат на натпреварувањето, додека пак второпласираниот Кениец Вилис Отиено скокна до 1,25 метри.