Лидерот на ДУИ, Али Ахмети заедно со претседателот на Собранието, министрите, пратениците, градоначалниците и директори од ДУИ дојдоа на плоштад Скендербег за одбележување на годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.
На плоштадот, Ахмети меѓу останатите присутни се поздрави и со едно дете. По положувањето цвеќе пред споменикот, Ахмети им се обрати на медиумите.
Нашата земја и земјите каде што живеат Албанци, достоинствено да се ангажираат и да се зачленат како во НАТО така и во ЕУ. Тогашната и сегашната кауза е народите да живеат во добрососедство, еднакво и просперитетно на сите полиња. Затоа, за нас оваа кауза е нераздвојна и за неа се залагаме целосно, рече Ахмети.
На прашањата на новинарите околу политичките случувања, Ахмети не сакаше да одговори.
-Утре ќе се занимаваме со политика, денеска е ден на историски настан. Мажот умира, но го одржува зборот, рече Ахмети.
Новинарите останаа без одговор на нивните прашања. Иако на почетокот на настанот, на новинарите им беше кажано дека ќе има простор за прашања, тоа не се случи. Ниту првиот вицепремиер Артан Груби ниту другите министри не сакаа да се произнесат за медиумите.
Денеска исто така се одбележуваат 40 години од организирањето на Народното движење на Косово и годишнина од паѓањето на Јусуф Бардош Грвала и Кадри Зека.
