„Беше најавено дека во 10 часот лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се појави во обвинителство за да сведочи за случајот Попис, но не се појавил во 10ч, бидејќи на негово барање дошол порано за да заврши со исказот и да ги избегне новинарските екипи со евентуални прашања“, истакна репортерката на ТВ21.
Предвременото доаѓање на Ахмети беше оправдано со обврски кои ги има во текот на денот. Околу 8 часот и 20 минути пристигнал во обвинителството за да каже што се случило, што знае и како е запрен процесот за попис на населението во 2011. Ахмети дал исказ кој траел еден 1 час, а некаде околу 09.15 часот кога и новинарите почнале да доаѓаат во обвинителството, тој излегол од гаражата со автомобил „Џип“ во придружба на три црни автомобили од марката Ауди. Според обвинението Ахмети и Груевски со прекинот на пописот на населението ја оштетиле државата со 2.8 милиони евра, така информираше на 21 март 2018 тогашното СЈО.
“Постои основано сомнение дека како владејачка коалиција, со цел да го скријат фактот дека немаат политички капацитет да организираат реален попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, како и да ги скријат неповолните факти за демографската и економската состојба, што резултирало со огромно иселување на работоспособното население, осомничените помеѓу 10 и 11 октомври 2011 година се договориле да го стопираат пописот”, посочи Фатиме Фетаи во 2018 година.
Ахмети утрово дал исказ, но Груевски не, бидејќи е во бегство и е недостапен за властите. Случајот „Попис“ произлезе од прислушуваните материјали, одноно бомбите кои ги објави Заев. Меѓутоа со стапување на сила на новиот закон за Обвинителство, прислушуваните материјали не можат да бидат доказ или клучна материја врз која може да се отвори случајот Попис базиран на прислушуваните разговори меѓу Ахмети и Груевски. Прислушувањата, служат како силна индиција за истрага.
Последен пат во земјава извршен е попис на населението во 2002 година. Во 2011-та пропадна, а годинава требаше да се одржи нов, но сепак не се спроведе поради пандемијата со коронавирусот. Одложен е за април 2021 година. Во нормални држави, попис на население се спроведува на секои 10 години.
