Ахмети не го прифати предизвикот на Таравари – „јас сум од суперлигата, а Таравари од локална лига“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на АА, кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, за противкандидатот од редовите на ДУИ сакаше да го има лидерот на оваа партија Али Ахмети. Но Ахмети и ДУИ одлучија на претседателските избори да се натпреваруваат со актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. На прашањето за предизвикот што Таравари, Ахмети рече дека тој е од суперлига а Таравари е на ниво на локална лига.

„Благодарам но јас играм во суперлига. Сега, тешко е бидејќи лигите сега што играат се супер лига. Г. Таравари е од локална лига“, вели Али Ахмети.

Но кој во која лига игра, од коалицијата ВРЕДИ велат дека тоа ќе се дознае на изборите, бидејќи Ахмети ќе се соочи со Биљал Касами во ИЕ6. Велат дека Ахмети не го прифаќа предизвикот бидејќи знае дека ќе изгуби.

„Овие зборови се само израз на паника во таборот на ДУИ. Од конкретниот предизвик да излезат на мегдан и да се натпреваруваат, да видат кого го преферира народот и кого го поддржува, Али Ахмети не го прифаќа предизвикот и ќе настапи со друго лице бидејќи е убеден во пораз. Како и да е, Али Ахмети ќе се соочи во ИЕ6 со Биљал Касами и таму ќе се потврди кој во која лига игра“, додаде Фари Хисени.

Но Али Ахмети е убеден дека ДУИ нема да биде поразена. Вели дека неговата партија не му дозволува да се повлече иако тој го сака тоа.

„И да сакам да се повлечам, ДУИ не ми ја дава таа можност и таа комоција. ДУИ нема да изгуби и не е губитник“, порача Али Ахмети.

Од албанската опозиција со апел до Ахмети да не ги следат партиските интереси туку да го поддржат Арбен Таравари за претседател. Додаваат дека со кандидирањето на Османи за претседател, ќе се распарчи гласот на албанските гласачи.