Али Ахмети не прифаќа ултиматуми и не попушта, изјави синоќа во „Клик Плус“, Рафиз Алити од ДУИ во однос на незадоволствата и барањата на т.н. „огнена група“.
-Али Ахмети никогаш не попуштил. Не попуштил пред никакви ултиматуми, но секогаш отвораше дебата внатре во партијата и се носеа заеднички одлуки, а тој излегуваше во јавноста и ги соопштуваше. Ние порано бевме членови на централното и тесното раководство. Кога се носеше одлука стоевме зад одлуката, нормално и заслугите и неуспесите му припаѓаат на претседателот. Ако денес го обвинуваме Ахмети, тој има и заслуги за победите во последните 20 години-рече Алити.
Аналитичарите пак, на став дека барањата на „огнената група“ се легитимни и дека можат да ја разнишаат стабилноста на Владата.
-Еве една дебата што ја загрозува стабилноста на Владата, пожешка е, во поголемо исчекување е, поради која јавноста станува пољубопитна во однос на тоа како ќе течат случувањата понатаму. Парламентарното мнозинство може да се доведе во прашање со гласање за интерпелација сега за првиот вицепремиер г. Груби. Ја загрозува ли Владата?! Во ситуации кога имаме економска криза, пораст на цените, висока инфлација, скапа струја, предизвикува страв кај сиромашните граѓани-рече Селмани.
-И Беџети и Меџити немаат претрпено пораз во нивните региони и тоа на некој начин им дава легитимитет да бараат и да одредуваат, да прават кадровски избори за Владата. А оние кои во моментов се актуелни, Артан Груби и Бујар Османи и двајцата се Чаир, но не го добија неговиот печат-вели Џељаљ Незири.
-Неискреноста што според мене е проблем со оваа група е што не велат дека Али е проблемот. Проблемот не е Артан, проблемот е Али, затоа што Артан има своја работа. Тука има удел и несериозноста и немањето храброст да се каже – вината е кај Али Ахмети-изјави Сефер Селими.
Рафиз Алити за време на дебата рече и дека Али Ахмети има политичко искуство да донесе правична одлука во однос на настанатата ситуација и дека нема „да го запали јорганот за една болва“.
