Ајдари до вицепремиерот Беким Сали: Дали ќе побарате одговорност од Стоиљковиќ за бркање Албанци од работа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали ќе побарате одговорност од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ затоа што избрка од работа седуммина вработени кои се од албанската заедница. Ова прашање упатено до вицепремиерот Беким Сали му го постави пратеничката на Европскиот фронт Рина Ајдари, која истакна дека овие седум лица потоа се повторно вратени на работа со што министерството ќе треба да плати отштета.

-Бидејќи видовме дека министер за политички систем нема право да ги избрка од работа седумте албански административци дали ќе побарате одговорност за оваа одлука. Дали тој работел спротивно на законот, дали е ова мотивирано од неговите антиалбански мислења, дали мислите дека и други се избркани од работа поради тоа што немале можност за жалби, изјави Рина Ајдари од Европскиот фронт.

Вицепремиерот Беким Сали не одговори дали ќе побара одговорност од Стоиљковиќ и само кратко рече дека тоа прашање е решено и тие се повторно вратени на работа.

-Знаете дека правно тоа прашање е затворено и вработените се вратени на своите работни места бидејќи беа правно и законски покриени. Агенцијата за администрација врз основа на тужбата донесе одлука правото на вработените да биде прифатено и да се вратат на своите работни места. Не може да претпоставиме што ќе се случи во иднина но им велиме на сите вработени коишто имаат вакви притисоци од видот на мобинг да се упатат до надлежните институции, изјави Беким Сали, вицепремиер.

Арбана Пашоли од Европскиот фронт го отвори прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и бараше од министерот за правда Игор Филков да одговори зошто одбива да го дозволи тоа, за што ДУИ вчера поднесе и кривична пријава. Но министерот Филков не беше присутен на седницата, за што беше најавено дека Пашоли ќе добие писмен одговор.